Паднал и си ја повредил главата на скијање во ист ден и место како Шумахер

Мортен Хојербах од Данска доживеал иста несреќа како и легендарниот седумкратен шампион на Формула 1, Михаил Шумахер, во ист ден на исто место. Овој 35-годишен пилот на хеликоптери отишол на скијање на француските Алпи, исто како и Шумахер, и за жал паднал и си ја повредил главата, а потоа бил пренесен и во истата болница како и возачот на Формула 1.

Единствено нешто по кое се разликува неговата несреќа од несреќата на Шумахер е тоа што Данецот не носел кацига. Тој се здобил со фрактура на главата и 50 конци, но сега е во стабилна состојба.

-Требаше да бидам мртов и ова е вистинско чудо. Од ударот во карпата главата ми се скрши на половина, пријателите во раце ја држеле додека не дошла помошта. Сето ова е чиста среќа, вели Мортен Хојербах.

Се надеваме дека и Шумахер ќе се спаси исто како и овој среќен човек.

13.01.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега