Бесими ќе го посети Беџети

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими во рамки на ЕУ/ИПА институционалните посети, предвидени во Агендата ЕУ 2014 на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска ќе го посети Министерството за правда и ќе разговара со министерот Блерим Беџети.

Според најавите, на средбата ќе се разговара за напредокот во реформите во правосудството согласно препораките во Извештајот за напредокот на Република Македонија, како и за статусот на проектите кои ги спроведува Министерството за правда во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). 

13.01.2014 - 08:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега