ВИДЕО: Се демонтираат скулптурите од проектот Скопје 2014
Скулптурата Ротирачка Македонија на авторот Зоран Костовски стои размонтирана зад зградата на Македонската опера и Балет иако уште пред 4 години беше поставена пред главниот влез на МОБ, јавува НОВА ТВ. Како што пренесува порталот, скулптурата вредна скоро 100.000 евра стои во делови, а објанувањето кое авторот го добил од надлежните е дека пречела во изградбата на новата зграда на АЕК.
СКулптирата Ротирачка Македонија била едно од првите во проектот Скопје 2014. Сега авторот бара нова локација за својата скулптура. Вели дека е незадоволен бидејќи наместо 100.000 евра, колку што бил договорот кога му го одбиле целиот данок, зел само 87 илјади евра.
ВИДЕО: НОВА ТВ