Стоилов му се заканил на Ландин: Вака не смееш да се однесуваш во Македонија

Данскиот голман Никлас Ландин го одбележа вечерашниот дуел со Македонија во првото коло од Европското првенство, но не само со своите одбрани, туку и со однесувањето во неколку моменти.

Имено, македонските ракометари во три наврати го удрија Ландин во главата, се разбира ненамерно, а тој на тоа реагираше со закани за што доби аплаузи и овации од домашната публика. По натпреварот призна дека имал закани од Стојанче Стоилов дека така може да се однесува само во Данска.

"Добив предупредување од македонскиот пикер дека така не би смеел да се однесувам ако игравме во Македонија, туку само на домашен терен, пред нашата публика. Можам да му порачам дека секаде така би реагирал кога би ме удриле три пати во главата", изјави Ландин по мечот.

Инаку Столе и Ландин имаа мал конфликт кога данскиот голман, по еден гол на Стоилов, враќајќи се му ја закачи ногата.

12.01.2014 - 23:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа