Кајние Вест напиша песничка за ќерката на Бијонсе и Џеј зи

Познатиот раперот Кајние Вест или уште по познат како сопруг на старлетата Ким Кардашијан, сакал да направи нешто посебно за својот драг и ценет пријател Џеј Зи , па на неговата ќерка Блу Ајви за нејзиниот втор роденден и напишал приспивна песничка.

Кајние ја снимил песната, но не планира да ја објави, бидејќи како што вели таа е наменета само за Блу Ајви.

Но наместо да пее за убави и слатки соништа како што би очекувале сите, Кајние во песната рапува за тоа како неговата ќерка Норт Вест и Блу Ајви кога ќе пораснат ќе станат славни , баш како нивните родители.

Тој во песната напоменува дека тој и неговиот пријател ќе дадат се од себе за да им овозможат прекрасен живот.

12.01.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега