Заменик министерот Недељковиќ во работна псоета на Кина
На покана на Цаи Ву, министер за култура на Народна Република Кина, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ од денеска до 19 мај во Пекинг ќе учествува на Првиот министерски форум за културна соработка меѓу Кина и земјите од централна и од источна Европа,
- Тема на форумот е „Унапредување на практичната соработка и создавање поубаво утре“ и е посветен на промоција на културната соработка и зацврстување на пријателските врски меѓу Кина и земјите од централна и од источна Европа. Претставува можност за реализација на конкретни активности и проекти кои ќе бидат основа за соработка во областа на културата меѓу Кина и земјите-учеснички на Форумот, соопшти Министерството за култура.
Недељковиќ ќе оствари средба со кинескиот министер за култура Цаи Ву, ќе посети повеќе институции од областа на културата во Пекинг и во Шенжен, каде што ќе присуствува на свеченост по повод отворањето на Деветтиот саем за меѓународни културни индустрии.