ВИДЕО: Кошаркари на НБА на сред натпревар за малку ќе се степаа

Најдобриот кошаркар на Мајами Хит, Леброн Џејмс, за време на мечот против Бруклин Нетс одигран ноќеска влезе во расправија со босанскиот кошаркар Мирза Телетовиќ, која лесно можеше да премине во физичка пресметка.

Кошаркарот на Мајами избувна и за малку ситуацијата можеше да излезе од контрола да не беше брзата реакција на неговите соиграчи, како и смирената реакција на босанскиот репрезентативец.

Џејмс тргна во соло продор, но акцијата му пропадна кога го оттурна Андреј Кириленко и направи фаул во напад, а потоа налета на Телетовиќ кој го сопре со рацете околу него.

„Ми се обеси околу врат и реагирав на тоа. Тоа не е кошаркарски потег“ објасни Џејмс.

11.01.2014 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега