САД: Запалил семејна куќа - во пожарот изгореле четири деца
Дерик Твардоски 33 од американскиот град Илионис е обвинет за убиство откако ја запалил семејната куќа, во која, во петокот загинале четири деца. Полицијата известила дека Дерик ги познавал родителите на децата, а куќата ја запалил во знак на протест. Полицијата во текот на истрагата открила дека пред куќата, од автомобилите, го извлекол бензинот, а пронашле и празна канта со гориво. Во моментот на пожарот во куќата биле петте деца на Метју и Наташа Овен. Загинале Етах Овен (12), Кејли Овен (9), и петгодишните близнаци Брендон и Ландон. Петтото дете и родителите успеале да побегнат, по што биле веднаш префрлени во болница. Веднаш по инцидентот Дерик е уапсен, а го обвиниле и за четири убиства. Мотивот на нападот се уште не се знае, а се очекува сите детали да се откријат за време на судењето.