Трогателно: Животна приказна за Жиле - Кучето херој од Попова Шапка (ВИДЕО)

Документарниот филм за Жиле - кучето кое упорно се бореше за својот живот, за прв пат вчера беше промовиран, а веќе денес е во целост достапен за јавноста.

Приказната на Жиле е сплет од тага и радост, болка и среќа... Приказна која никого не остави рамнодушен!

Жиле е младо кутре кое пред 1 година беше застрелано на Шарпланинскиот куп и остана парализирано до крајот на животот.

За него се грижеа хумани активисти цели 7 месеци, сè додека неговиот случај не се прошири во јавноста.

За кратко време Жиле се пресели во САД и сега живее со хумано семејство, чија ќерка исто така има здравствени проблеми.

Денес Жиле е херој и туѓа инспирација за живот!

Приклучете се и вие на фан страната за Жиле овде!

10.01.2014 - 23:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа