Колку е старо Охридското Езеро?

 

Резултатите од научниот проект за утврдување на староста на Охридското Езеро, треба да бидат готови до месец мај, 2014 година, објавува порталот „Охрид Њуз“.

 

Проектот беше спроведен од март до јуни минатата година, од стручни лица од Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија. Истражувањето беше поддржано од Хидробиолошкиот завод од Охрид и Министерството за образование и наука.

10.01.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега