Шакира: Пике обожава кога сум дебелка
Колумбиската пејачка Шакира, откри дека нејзиниот маж Жерар Пике обожава кога таа има вишок килограми . “Не сака кога сум слаба! Тоа ме ослободи од притисокот, бидејќи и безтоа имам многу обврски околу детето”, изјави Шакира.
Поради ова пејачката “крена раце” од вежбање, бидејќи како што изјави има премногу обврски околу детето и нејзиниот нов албум кој ќе го издаде наскоро.
“Не одбивам кога ќе ми понудат колачиња додава таа”.
10.01.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа