Давел старица во канал, запалил куќа, предизвикал сообраќајка - 14 годишно дете направи хаос во Скопје

Направил најмалку 5 кривични дела за помалку од 3 часа, пред полицијата да успее да го уапси. 14 годишен скопјанец им режираше вистински хорор филм на своите соседи и на полицајците. Сторијата од истрагата до која дојде Пресс24 е навистина вчудоневидувачка.

 

Малолетниот драчевчанец синоќа го започнал сценариотонапаѓајќи 85 годишна старица во нејзиниот дом во Драчево, од која барал пари но не успеал да ги добие. По неуспешниот обид, збеснатиот малолетник украл автомобил и со него предизвикал сообраќајна несреќа на „Првомајска“, предизвикувајќи поголема материјална. Тој го оставил искршеното возило и повторно избегал.

По ова, малолетникот не се откажал туку само ја променил улицата, па во непосредна близина нападнал уште една старица на која и го украл златниот ланец. Но, и тоа не му ги заситило апетитите, па нападнал и една жена која се движела во непосредна близина. Се обидел да и ја украде чантата, но, откако таа пружила отпор, ја фрлил во канал и ја држел 15-тина минути.

Откако се решил да ја пушти, отишол во домот на својата баба и почнал најпрво вербално, па потоа и физички да ја напаѓа. Во кусата борба успеал да предизвика пожар.

По последниот инцидент, интервенирала противпожарната екипа како и полицијата која го привела малолетникот.

 

Кои биле мотивите за серијата кривични дела сеуште не е познато. Одполицијата повеќе детали најавуваат за утре.

09.01.2014 - 23:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега