Делчево го доби првото бебе на осмиот ден од новата 2014

 

Делчево го доби првото бебе на осмиот ден од новата 2014 година. Првороденото бебе е машко, тежи 4,3 килограми и е долго 52 сантиметри.

Бебето е прво дете на младиот брачен пар Јосифовски. Родено е на Гинеколошко-акушерското одделение во Здравствениот дом во Делчево. 

- Бебето и мајката се во добра состојба. Тоа е најубавата божиќна честитка за целиот медицински персонал, вели директорот на Здравствениот дом во Делчево, д-р Трајче Георгиевски.

Градоначалникот Дарко Шехтански ги посети мајката и новороденчето и им врачи парична награда во висина од 10 илјади денари.

09.01.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа