ФОТО: Расте стомакот на Будимир
Ексракометарката Андријана Будимир наскоро добива нова функција - онаа најслатката, на мамичка. Бебето на свет треба да дојде кон средината на идниот месец, кога е предвиден датумот за породување. Андријана носи машко бебе, кое за името ќе треба да почека додека да се роди оти родителите се уште не решиле како ќе се вика новиот член на семејството, пишува Вечер
Поранешната девојка на Тоше Проески, која пред извесен период се омажи за скопскиот менаџер Јохан речиси никогаш не сака да коментира и зборува за приватниот живот, па така веста за нејзината бременост која ВЕЧЕР ја објави веднаш после свадбата, ракометарката ја потврди дури после неколку месеци од објавувањето, и тоа со фотка која ја постираше на социјалните мрежи, а на која може да се види стомачето. Неколкуте стотици коментари, честитки и лајкови кои ги има под фотографијата само потврдуваат дека македонската јавност се радува за приновата во нивното семејство.
Будимир стави точка на играчката кариера, но со спортот не престана да се дружи и работи како тренер. А физичката активност, иако е во поодмината бременост, и понатаму е дел од нејзиното секојдневие. Освен тоа, како што велат нејзини блиски, многу внимавала и на исхраната и јадела исклучиво овошје и зеленчук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа