Вработете се во Алфа Банка за плата од 30.500 денари

Алфа Банка АД Скопје бара  Референт во Оддел за процена на имот. 

1.Кандидатот треба да биде градежен или архитектонски инженер, со најмалку 2 години работно искуство, по можност во областа на градежништвото и во работа со проценки на недвижен имот, за што е потребно да достави соодветни потврди. 

2.Пожелно е кандидатот да има положено стручен испит за проценувач на вредноста на недвижен имот или да го положи испитот во 2014 година 

3.Кандидатот задолжително треба да има познавања од релевантната законска регулатива и напредно познавање на англиски јазик. 

4.Неговите обврски подразбираат организација на процесот на процени во Банката, како и проверка, изработка и администрација на извештаите за процена. 

5.Основна нето плата изнесува 30 574 денари. 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија со фотографија и мотивациско писмо на македонски и англиски јазик на п. фах 564, 1000 Скопје, 

Извор: Вработување

08.01.2014 - 00:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега