Груевски: Од овој месец бесплатно ин витро и за второ дете

 

Овој месец стапува во сила бесплатно ин витро за второ дете, кое финански ќе го покрива државата. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

- Ин витро за второ дете е проект кој го највивме минатата година, којшто многу долго го подготвуваме. До минатата година се одвојуваа 60 милиони денари, а веќе оваа година се предвидени 150 милиони денари затоа што се планира дека во првата година ќе има и малку поголем наплив за бесплатно ин витро за второ дете, рече премиерот Груевски.

Ценевме, нагласи премиерот, дека ова е значајно за многу граѓани кои немаат средства самостојно да го финансираат, а го посакуваат.

- Излегуваме во пресрет на голем број граѓани, како што излеговме во пресрет со бесплатно ин витро за прво дете, така сега за бесплатно ин витро за второ дете. Минатите години се правеа по 800 ин витра годишно, во првите години по 1.500 ин витра за прво дете. Сега веќе за второ дете бројката ќе биде значително поголема, што значи дека ветеното практично веќе е во сила и средствата во буџетот се испланирани, додаде премиерот Никола Греувски

05.01.2014 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа