Ги силуваат лезбејките за да ги вратат на правиот пат

"Корективнo силување" е термин кој потекнува oд почетокот на 2000 година, од Јужна Африка, а станува збор за чин со кој лезбејките би се претвориле во хетеросексуалци.

Во Јужна Африка се почесто се силуваат лезбејки со цел да ги вратат "назад на вистинскиот пат."

И покрај тоа што Обединетите нации пред повеќе од една деценија, се изјаснија дека "корективно силување" се смета за кривично дело, сепак бројот на ваквите случаеви  не е намален.

Фотографот Клер Картер направи независна приказна за силувани лезбејки кои ги раскажуваат нивните ужасни искуства. Меѓу нив е и Мулени Фана koja била силувана од четворица фудбалери кога се враќале од тренинг.  

Тоа се случи една вечер, тие ме силуваа еден по еден и на крајот ме оставија во бесознание. Изутрина кога си дојдов при себе, бев многу збунета, се сетив на она што тие ми го рекоа пред да го извршат злосторничкиот чин, дека после тоа конечно ќе станам права женавели Фана.

За разлика од многу жени во Јужна Африка со слични искуства, Мулени имала среќа бидејќи преживеала. Во изминатите 15 години, повеќе од триесет лезбејки во Јужна Африка се убиени поради нивната сексуална ориентација.

04.01.2014 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега