Тетовчанец одењето на гости го чинеше 300.000 денари

Уште една тешка кражба во Тетово. По украдените 11.000 евра од куќа во Мала Речица, непознати сторители го ограбиле и домот на 41-годишниот С.Т. од Камењање. 

Според податоците, крадците го искористиле отсуството на домашните, околу 19 часот влегле во куќата откако скршиле стакло, ја отвориле вратата и целосно ги пребарале просториите во објектот. Од регали и комоди во двете спални соби одзеле поголема количина накит, златни лири, алки и бижутерија, по што незабележани од никого избегале.

Сторителите направиле штета од  300 илјади денари. 

04.01.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега