САД мрзне- живата на термометарот падна на рекордни -38 степени

Најмалку 13 лица загинаа како последица на обилните снежни врнежи, силните ветрови и ниските температури, што го погодија североисточниот  дел на САД.

Повеќето од жртвите биле загинале во сообраќајни несреќи на лизгавите патишта, една жена заболела од Алцхајмерова болест  и замрзнала кога  заминала далеку од дома, а еден работник е закопан под купиште сол за попрскување патишта.

Спасувачките екипи во Њујорк и Бостон патролираат по улиците и се во потрага на бездомници кои би можеле да замрзнат.

Поради ниските температури кои деновиве достигнаа и до 38 степени под нулата,  гувернерите на Њујорк и Њу Џерси синоќа прогласија вонредна состојба.

04.01.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега