Била исфрлена од авион поради гласно пеење

 

Авионот на компанијата „Американ ерлајнс“, бил принуден да слета поради една патничка која не престанувала да пее. Инцидентот се случил минатата недела во авионот кој летал на релација Лос Анѓелес-Њујорк. Веднаш по полетувањето, една од патничките запеала на цел глас. Таа ја пеела песната “I Will Always Love You” на починатата пејачка Витни Хјустон. Нејзината интерпретација, сепак не наишла на одобрување на околината. Иако во повеќе наврати била повикана да замолчи, таа продолжила со пеењето, не обрнувајќи внимание на друтите патници и летачкиот персонал. По некое време, пилотот донел одлука да го прекине летото и принудно да слета на аеродромот во Канзас Сити, каде полицијата ја дочекала пејачката која, и покрај исфрлувањето од авионот со лисици на рацете, продолжила со сиот глас да ја пее песната од филмот „Телохранител“

најчитано сега