Гевгелија: Дури денеска се роди првото бебе во 2014та

Првото новороденче во 2014 година во Гевгелија е машко. Јасмина Петровиќ од Ѓавото денеска на гинеколошкото одделение при Општата болница во Гевгелија на свет донесе здраво машко дете, тешко четири килограми и долго 50 сантиметри.

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов по традиција го посети новороденчето и му додели парична награда од 10.000 денари, пригоден пакет за новороденче и други награди од локалната самоуправа

03.01.2014 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега