Нема крај на драмата во Антарктикот: Спасените патници повторно заглавени

На кинескиот мразокршач "Снежен Змеј" кој деновиве замина во мисија за спасување на рускиот истражувачки брод "Академик Шокалски" сега му е неопходна помош.

Сите 52 научници, туристи и новинари од рускиот брод во меѓувреме биле евакуирани со хеликоптер во сигурни води на австралискиот владин брод "Аурора", додека кинескиот мразокршач денес пратил порака дека движењето му е оневозможено поради дебелиот мраз, пренесува агенцијата AFP.

Бродот "Академик Шокалски"  во замрзнатите води на Антарктикот се наоѓа уште од 24 декември.

03.01.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега