Трагедија ја потресе Струмица: Синот изгоре во пожар таткото со изгореници пренесен во болница
Трагедија ги потресе струмичани. Ноќеста во два часот по полноќ избувнал пожар во семејна куќа во Струмица, во кој за жал изгорел 29-годишниот син на семејството Ѓ.П. додека таткото со тешки изгореници е пренесен во болница.
Според информациите од МВР, експлозија ја разбудила брачната двојка која отрчала во кујната и видела многу чад. Таткото сакајќи да го изгаси пожарот и спаси синот кој лежел на подот се здобил со изгореници од прв и втор степен.
Повеќе детали се најавуваат за подоцна.
03.01.2014 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа