Станија: Сакам свој личен Дедо Мраз!

 

Станија, една од најпознатите старлети во Србија открива дека веќе го преболела раскинувањето со Филип Панајотовиќ и дека повторно е заљубена. Новиот дечко таа засега не го покажува пред јавноста, но наведе неколку особини кои би сакала да ги поседува нејзиниот избраник.

“Сакам  вистински маж со карактер, независен, кој ќе ги исполнува моите желби. Сакам свој личен Дедо Мраз! Точка”! вели Станија.

Таа додаде дека е заљубена, но дека нема да открие кој е среќникот бидејќи смета дека нејзината интимност е нејзина приватна работа, и љубовниот живот како што вели го чува подалеку од очите на јавноста.

02.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега