Наместо да дава фискални си ги ставал парите во џеб - еве како се богател болничар од Струмица

 

Кривична пријава си заработи 47-годишниот Ѓ.А. вработен како болничар во ЈЗУ Општа болница-Струмица, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информациите од полицијата, болничарот од Струмица цели две години заведувал партиципација на пациенти за извршени болнички услуги без да им издаде потврда и фискална сметка. Парите кои ги наплатил во износ од 99.370 денари си ги ставил во џеб и си ги задржал за себе.

02.01.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега