Календарот за оваа година сосема идентичен со календарот од 1986 година
Распоредот на деновите во календарот од пред 28 години односно од 1986 година, е сосема идентичен со календарот за оваа година.
Ова совпаѓање особено ги воодушеви љубителите на 80-тите, а старите календари сега се хит на сајтот иБеј.
Календарите, кои ги красат раскошни убавици во костими за капење, ликови од вестерн филмовите, ѕвездите од боксот... се продаваат за цена од 45 евра.
Невообичаено совпаѓање ги инспирираше творците на новите календари повторно да ги печатат фотографиите од 1986 година и да ги објават како нови во 2014 година.
Совпаѓањето го искористија и во Пирели, па го објавија календарот кој требаше да излезе во 1986 година, со фотографии кои во 1985 година ги сними славниот Хелмут Њутн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа