Пијани возачи „летале" на улиците - 12 сообраќајки во Скопје за новогодишните празници

За време на новогодишните празници се случиле 12 сообраќајни несреќи, но за среќа, ниедна од нив не била со потешки последици.

Според податоците, две од сообраќајните несреќи биле со поголема материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак. На први јануари се случиле четири сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета, а во една полесно е повредено едно лице.

Исто така, изминатите два дена за време на новогодишните празници полицијата открила и 13 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.

02.01.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега