Десет лица се повредени во бомбашки напад врз ресторан

Десет лица се повредени изутринава, откако бомба била фрлена врз еден ресторан во познатото кениско летувалиште Дијани.

Според податоците со кои располага полицијата напаѓачите биле на мотоцикл и избегале веднаш по нападот.

Сомалиската група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, денеска презеде одговорност за синоќешниот троен напад пред хотел во сомалискиот главен град Могадишу, при што загинаа најмалку 11 лица.

Во Кенија се случија серија напади, откако во октомври 2011 година кениски војници навлегоа во јужниот дел на Сомалија за да и помогнат на соседната земја да се ослободи од бунтовниците.

 

02.01.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа