Собранието ќе ја продолжи 60. седница

 

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 60. седница. На дневен ред се предлог измени и дополнувања на повеќе законски решенија.

Разгледани ќе бидат и годишните извештаи за работата на Регулаторната комисија за енергетика, Македонската радио телевизија, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Советот на јавните обвинители, Агенцијата за администрација, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Советот за радиодифузија,...  

Пратениците ќе расправаат по дополнувањата на Законот за основање Државен универзитет „Гоце Делчев" во Штип, измените на Законот за основање Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле", како и измените и дополнувањата на законите за возила, за едношалтерски систем, за трговски друштва, за радиодифузна дејност, за постапување со бесправно изградени објекти,..., сите по скратена постапка.

Пред Собранието се и измените на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10 на делницата Демир Капија - Смоквица, како и Предлог законот за гаранција на обврските по  Договорот за заем за Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 10 кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

најчитано сега