Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија

 

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот наместо по една, сега се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила. Патниот правец Р-504 Ресен - Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Информација за движење на патниот правец Р 104 Скопје – Македонски Брод преку н. Јасен од 01.04.2013: Скопје – Македонски Брод од 06:00 - 09:00 часот и од 16:00 - 18 часот. Македонски Брод - Скопје од 05:00 - 06:00 часот и од 18:00 - 20 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

најчитано сега