Триесет лица се повредени при уривање на бина во хотел во Коломбо

Околу 30 лица се повредени и хоспитализирани поради здобиените повреди при уривање на бина во хотелот „Хилтон“ во Коломбо за време на новогодишната прослава, соопштија денеска организаторите на дочекот.

Околу 700 гости пропаднале под бината, а повредените се здобиле со скршеници, исекотени и изгореници.

Портпаролот на менаџерот на прославата им се извини на повредените гости поради инцидентот, и им вети дека ќе ги покријат трошоците за болничкото лекување. 

Цената за дочек на Новата 2014 Година во хотелот „Хилтон“ изнесувала 100 долари по лице.

Една од гостите на прославата, Аниша Нијас на својот Фејсбук профил објавила дека тоа била нејзината „најлоша ноќ во животот, а крв и искршени чаши имало насекаде“.

01.01.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа