Фатен скопјанец баран со потерница - Долго ќе лежи во затвор

 

На 28.04.2025 во 14.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија во Р.Грција.

При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Штип. 

29.04.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега