СДСМ: За Љутков манго и папаја - За вработените во културата нема плата
Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз правата и достоинството на сите културни работници во државата. Ова го велат од опозициската СДСМ преку соопштение до јавноста, кое ви го пренесуваме во целост:
Колективниот договор не е проблем, туку потреба за работниците и претставува законска обврска! Договорот е резултат на борба на работниците, на дијалог но и праведна политика во време кога СДСМ беше на власт, во време кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа навремено, редовно и со почитување на сите права на вработените.
Денес, културните работници се без плата за месец март, не се почитуват договорените услови, нема покачени плати а при тоа никој не понесе одговорност од страна на Министерството за култура.
За Љутков и министрите во владата папаја, манго и аспарагус а за вработените во културата нема плата. Ова не е грешка, ова е последица на неспособност, расипничко трошење и целосно потфрлање на министерот Љутков и владата на ДПМНЕ.
Го прашуваме министерот Љутков: Дали овој напад врз колективниот договор е подготовка за ново кратење на правата на вработените во културата по партиски терк?
Љутков треба да излезе и да им се извини на сите културни работници, неговата неспособност не е никакво оправдување.
СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа