Пијани луѓе, момче со изгорено лице и пар тепачки - што се случуваше ноќеска во Скопје?
Од Итната медицинска помош во Скопје оценуваат дека новогодишната ноќ минала релативно мирно.
Дежурните лекари интервенирале во околу 16 случаи со алкохолизирани лица, од кои 10 завршиле на Клиниката за токсикологија.
21 годишно момче од Чаир, од петарди се здобило со повреди на лицето и на окото. Петмина биле повредени во тепачки, од кои тројца во главата, а еден со нож на екстремитетите. Сите се хоспитализирани.
01.01.2014 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа