Татко го пронајде безживотното тело на својот тригодишен син

Сараевската полиција во стан на третиот спрат, пронајде беживотното тело на  едно тригодишно детенце.

Според изјавите на тамошните медиуми телото на детето, било пронајдено од неговиот татко.

 Од првичните информации со кои располага полицијата се верува дека причината за смртта е течење на плин, но сепак правата причина за несреќата ќе се знае веднаш по извршувањето на обдукцијата.

01.01.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа