Првото бебенце е машко - се роди една минута по полноќ

Првото бебе во 2014 година е родено во 00:01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Станува збор за машко бебе, тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри.

26 годишната мајка Оља Чолакова и бебето денеска ќе бидат посетени од скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој на новороденчето ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

 

 

01.01.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа