Полицијата уловила 58 возачи кои пијани “летале“ низ Скопје

За време на викендот на подрачјето на Скопје полицијата при сообраќајна контрола уловила 58 лица кои управувале возила под дејство на алкохол, додека 24 лица имале измината важност на сообраќајната дозвола. 

13 лица возеле без возачка дозвола, а кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Во рацете на полицијата паднале и десет возачи кои возеле со брзина над дозволената.

Собраќајните полицајци утврдиле дека 16 возачи не користеле соборени светла, а десет возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале со возило. 

31.12.2013 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега