Кој е човекот кој го “лапна“ станот од „Фискална во рака - награда без мака“?

Среќниот добитник на станот од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ е 70 годишниот Трајко Кузмановски од Куманово.

Тој веќе неколку години е пензиониран бербер. Цели 40 години работел во своја берберница лоцирана во кумановската населба „Средорек“.

Денеска е радосен ден за него и неговата 66 - годишна сопруга Дејка, како и за неговите два сина и снаи и четирите внуци.

- Не очекувавме дека ќе добиеме награда. Пративме два коверти со фискални сметки. Едното на мое име, а второто на име на сопругата. Им порачувам на граѓаните да учествуваат во оваа наградна игра, вели Кузмановски.

Сопругата на Трајко, Дејка е пресреќна. Таа вели дека станот ќе им припадне на внуците кои ќе студираат во Скопје.

Семејниот дом на семејството Кузмановски денеска беше претесен за роднините и пријателите кои дојдоа да им честитаат.

31.12.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа