Меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа
Во организација на меѓународната организација „The Nature Conservancy“ и Еко-свест, денеска во Скопје ќе се одржи третата Меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа.
Конференцијата е во рамки на регионалната иницијатива „Заедно за реките“, а ќе присуствуваат претставници на граѓански организации, локални заедници, институции и академски заедници од целиот регион. Тие ќе разговараат за клучните прашања за заштита на реките, ќе разменат искуства и ќе презентираат успешни примери од нивната работа.
Пред почетокот предвидена е прес-конференцијата на која ќе се обратат претставници на Државниот инспекторат за животна средина, меѓународната организацијата „The Nature Conservancy“ и Еко-свест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа