Путин: Русија е подготвена за конструктивен дијалог со САД
Русија е подготвен за конструктивен дијалог со САД, со оглед на тоа дека со заеднички напори двете земји можат да придонесат за светската стабилност, се наведува во божикната порака на рускиот претседател Владимир Путин до претседателот на САД Барак Обама, јави ИТАР-ТАСС.
- Случувањата во изминатата година покажаа дека Русија и САД дејствуваат во духот на партнерство врз основа на взаемно почитување на интересите и можат реално да придонесат за одржување на глобалната стабилност, за решавање на најтешките меѓународни проблеми, нагласи Путин.
31.12.2013 - 10:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа