Да не носел кацига ќе бил мртов - докторите бушеле дупки во черепот на Шумахер

 

Легендата на Формула 1, Михаил Шумахер, е во критична здравствена состојба по падот на француските Алпи. Ни кацигата не била доволна да го ублажи ударот, па Шумахер бил итно со хеликоптер пренесен во болница.

Докторите синоќа на прес-конференција истакнаа дека состојбата е лоша. На Шумахер му е смалена телесната температура за да се намали воспалението, а се наоѓа во вештачка кома. Лекарите морале да му го бушат мозокот на неколку места бидејќи дошло до излив на крв. 

Докторите велат дека вакви несреќи често се случуваат и да не носел кацига, Шумахер одамна ќе бил мртов.

31.12.2013 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега