"Едвај издржува заради децата" - сопругата на Шумахер пред нервен слом

Сопругата на легендарниот Михаил Шумахер кој се бори за својот живот е пред нервен слом. Според информациите на светските медиуми, Корина е во многу тешка состојба.

- Корина е на работ на нервен слом. Останува храбра и силна само поради деца, но се плаши од најлошиот можен исход“,вели извор близок до двојката .

Инаку, вчера семејството на Шумахер се заблагодари на сите пријатели, соработници и фанови за разбирањето и поддршката преку соопштение.

- „Сакаме да се заблагодариме на медицинскиот тим, бидејќи знаеме дека прават се што е во нивна моќ за да му помогнат на Михаел. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на луѓето од целиот свет, кои испратија пораки за поддршка и желби за Михаел побрзо да закрепне”, гласи пораката.

Шумахер е сеуште во кома а животот му виси на конец откако се повреди при скијање на француските Алпи. Цел свет се моли за неговото закрепнување.

31.12.2013 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега