Учениците од денеска на зимски распуст
280.000 основци и средношколци од денеска се на зимски распуст. Училниците повторно ќе се наполнат на 20.јануари.
Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари, а предметите ќе им бидат познати на 19 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.
Oстанатите ученици - од трето одделение до трета година средно - со екстерното тестирање ќе се соочат на крајот на учебната година.
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски вчера најави дека и 2014 ќе биде реформска и дека буџетот во овој ресор ќе биде една милијарда повеќе од 2013-та, односно 22,4 милијарди денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа