ЈСП со новогодишен возен ред - проверете кога поаѓа вашиот автобус

Поради намалената потреба од патувања, ЈСП Скопје утре ќе почне со работа подоцна за разлика од другите празници.

Од градските линии, автобусот со број 3 се вклучува по празничен возен ред во 9:45 часот, а автобусот со број 4 во 11:40 часот. Автобусот со број 8 почнува со работа од 11 часот, а автобусот до „Милениумски крст“ ќе сообраќа од 9:40 од Транспортниот центар.

Од приградските линии, автобусот со број 58 од Транспортниот центар ќе тргнува во 7.10, 9 и 11 часот, а во 8 и во 10 часот од селото Св. Петка. Автобусот со број 11 ќе почне да сообраќа во 12.10 часот од Транспортниот центар, а автобусот со број 18 во 13.25 од Транспортниот центар.

Граѓаните ќе можат да госледат празничниот возен ред на веб-страницата на ЈСП Скопје. 

31.12.2013 - 08:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега