Да постоеше СФРЈ овие играчи ќе играа на СП во Бразил

Неодамна шведскиот репрезентативец и голгетер на францускиот Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ, кој има босански корени, излезе во јавноста со тврдењето дека доколку би постоела репрезентацијата на Југославија, би била една од најсилните на светот.

"Џениус фудбал", Твитер профил кој се занимава со фудбалска статистика и занимливости, постави интересна фотографија на имагинарната репрезентација на Југославија.
Во тимот на овие идеални 11 "сини", сепак, нема место за најдобриот македонски фудбалер и првотимец на италијанскиот гигант Наполи, Горан Пандев.

Најбројна, со дури четворица играчи, е репрезентацијата на Србија, која во однос на Хрватска и Босна и Херцеговина дури и не се пласира на Светското првенство во Бразил наредната година.
Во овој тим се: Немања Матиќ, Немања Видиќ, Невен Суботиќ, Бранислав Ивановиќ(Србија), Дарио Срна, Иван Ракитиќ, Лука Модриќ (Хрватска), Един Џеко, Миралем Пјаниќ (БиХ), голманот Дамир Хандановиќ (Словенија) и Стеван Јоветиќ (Црна Гора).

Идеални 11 или не, во секој случај силна екипа што заслужува респект од секој противник.

31.12.2013 - 00:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа