Зошто е црна страницата на братот на Шумахер?

Официјалната Интернет страница на братот на Михаил Шумахер, Ралф Шумахер од утрово е целата црна. Како што пренесуваат светските медиуми, страницата  www.ralf-schumacher.de, денеска е целата црна и нема пристап до неа. 

Според многумина ова е знак дека се случило најлошото со легендата на Формила 1, но сеуште нема никакви информации.

Инаку, Шумахер е во кома откако си ја повреди главата при скијање на француските Алпи. Направени му се две операции, а како што се знае до сега, тој е во кома и се бори за живот.

30.12.2013 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега