Сите го правиме овој прекршок: Сообраќајните полицајци вчера напишале над 800 казни
Како резултат на вчерашните сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 – на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.
Инаку, вчера во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Надлежните полициски организациони единици ќе продолжат со планските засилени сообраќајни контроли, а МВР уште еднаш, во пресрет на претстојниот викенд, апелира до граѓаните учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на личната и на општата безбедност на патиштата низ земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа