СДСМ: ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

 


Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски, велат од СДСМ.

„Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има!

Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.

Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!“, стои во соопштението од СДСМ.

13.03.2025 - 09:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега