Хаос при претресот кај пратеникот Јахоски - Пронајден сеф полн оружје?
При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати, се одвивала вистинска драма. Нетпрес јавува дека при претрес кај осомничениот Асмир Јахоски, неговиот татко, инаку пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, направил вистински хаос.
Пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа одбивајќи ги наредбите на полицијата и повикувајќи се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, истиот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки. Во текот на акцијата, ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари, јавува Нетпрес.
Полицијата сеуште се нема огласено за овие тврдења.
Инаку, одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка вчера вршеше претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, изјавија од МВР за Прес 24.
Разоткриена е мрежа на увозници кои против законски испорачале неккив вид на горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата. Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа