Запалил шума кај Крушево: Приведен 38-годишен маж

 

38-годишник предизвикал голем пожар на дабовва шума. 

-Вчера во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во село Алданци, кај  место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што  била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР..

 

10.03.2025 - 12:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега